Dark Mode Light Mode
Скопската протипожарна бригада испрати 3 возила и 15 пожарникари во Кочани
Огнената стихија во кочанско полека се локализира, ако пак се засили „ер тракторите“ не можат да се користат
Музичко - сценски проект „Нашата вечер во Охрид“ вечерва на „Охридско лето“

Огнената стихија во кочанско полека се локализира, ако пак се засили „ер тракторите“ не можат да се користат

По целовечерната борба со пожарот во Кочани утрово почна со подобри вести: огнените јазици се локализираат. Околните жители и доброволци од цела Македонија цела ноќ, со што и да им се најде при рака се бореа пожарот да не влезе и да го пеплоса градот.

Во меѓу време, авионите за гасење на пожари „ер трактори“ не смеат да полетаат, иако сме среде топлотен бран и додека горат десетици низ Македонија, зашто уште не почнале да се сервисираат. Одговорност за ова никој не презема.

По огнената стихија во 2009 година Македонија набави т.н. ер „трактори“ за гаснење на пожар а седум пилоти учеа во Шпанија како да летаат со нив. Ги управува еден пилот, но поради тешките услови во кои работат, секогаш треба да има резервни пилоти. Покрај пилотите се избрани и координатори, авиоинженери, авиомеханичари и авиодиспечери. Обуката заврши во април 2010 година.

Реклама

-Трите „ер трактори“ повеќе од две години не се извадени од хангарите зашто не се сервисирани. Дури и денес да се сервисираат, првиот сервисиран авион ќе може да биде ставен во функција за 40 до 45 дена, односно во октомври кога нема пожари, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

Зошто и кој дозволил ситуацијата да стигне до оваа точка, Македонија да не може да си пружи помош самата на себе? Ќе има ли одговорност и од кого? Прашањата заслужуваат итен одговор…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопската протипожарна бригада испрати 3 возила и 15 пожарникари во Кочани

Next Post

Музичко - сценски проект „Нашата вечер во Охрид“ вечерва на „Охридско лето“

Реклама