Dark Mode Light Mode

Изгор цени – дизелот поскапува за 3,5 а бензините за 2 денари по литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.

Реклама

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,5 отсто,  а кај дизелот за околу 4,4 отсто, како и за 0,29 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Министерство за здравство се пофали со солидна вакцинација, но со една доза

Next Post

Следуваат многу топли денови, граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран

Реклама