Dark Mode Light Mode

Џафери: Крушевскиот манифест и документите на АСНОМ го дефинираат мултиетничкиот карактер на нашата држава

Нашата држава е спој на различности, уникатен мозаик во кој секој уникатен дел растел и се развивал врз своите корени кои биле и се потврда на долговечноста и истрајноста на народите кои што живееле и биле дел од ова поднебје, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, по повод празникот 2 Август- Денот на Републиката.

-Ако го погледнеме Крушевски Манифест, ако ги погледнеме и документите на АСНОМ од 1944 година, ќе согледаме дека се јасно дефинирани општите и посебни човекови права и слободи, во кои јасно се дефинира мултиетничкиот, мултикултурниот и мултиконфесионалниот карактер на нашата држава, и ќе се увериме дека историјата, настаните низ неа, сами го детерминирале патот по кој треба да се чекори ако се следи разумот кој ја наметнал потребата од сплотување кон единствената, природна и остварлива крајна цел, а тоа е заеднички дом за сите со јасна визија, мудрост и разум, за сите кои ја надминале тесната и себична рамка, го отвориле умот и силно ги прегрнале благодатите кои ги нуди взаемната почит и соработка, прифаќајќи го изразувањето на особеностите и карактеристиките на секоја етничка заедница, на културата, јазикот, идентитетските обележја како природно право кое е нова додадена вредност на нашата земја, меѓутоа, имајќи ја предвид и структурата во соседството и регионот, додадена вредност и во регионот и пошироко, рече Џафери.

Низ годините на растот и развојот на земјата не беше лесно да се опстане, да се сочува мирот и зајакне безбедноста и сигурноста на границите и нашите граѓани, не беше лесно да се одржи ниту економската стабилност, рече Џафери на прославата во Скопје.

Реклама

-Македонија, колку и да е мала по територија, има значајна гео-стратешка важност и не била надвор од глобалните случувања и консеквентно тие случувања се прелевале и имале влијание врз развојниот пат на државата. Меѓутоа, желбата за заедничка, слободна, независна држава, држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе биде подеднакво за сите граѓани без разлика на етничката, верската или која било друга припадност доминираше и нашата земја ја посочуваат како светол пример и успешна приказна во регионот, рече Џафери.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мицкоски од Ташмаруништа: Срамно е што за прв пат во 30 години независност власта ја промени прославата за Илинден

Next Post

Еден починат и 54 нови заразени, најмногу во Тетово

Реклама