Dark Mode Light Mode

Жена изгоре во пожар во Волково

Почината 51-годишна жена е најдена во куќа во Волково во која настанал пожар рано утрово.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 1 август 2021 во 4:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Волково, скопско, настанал пожар во куќа.

При гаснење на пожарот, од страна на екипа на Противпожарна заштита била пронајдена почината С.С.(51). Лекар констатирал смрт без траги на насилство.

Реклама

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пендаровски во Крушево, Заев во Пелинце за Илинден

Next Post

Нови 72 заразени од 11 града, речиси 600 се активни случаи

Реклама