Dark Mode Light Mode

По синоќешниот земјотрес од 3,3 степени по Рихтер, има ли опасност од нов?

Околу 3 часот синоќа, скопјани ги разбуди земјотрес, што беше лоциран во атарот на село Нераште со јачина од 3,3 степени според Рихтер.

Се работи за епицентар, лоциран на македонско-косовската граница, но се почувствувал особено во реонот на Бардовци, Волково и Сарај.

Последниот земјотрес што ги вознемири скопјани е оној во Грција, регистриран со 5,7 степени по Рихтер. Се случи пред само два-три дена, а предупредувањето беше дека земјата нема да престане да се тресе во периодот што следи. Синоќа се почувствува во Скопје. Од сеизмолошкиот институт нема посериозни предупредувања за евентуални следни потреси.

Реклама

Скопјани синоќа го вжештија социјалните мрежи реагирајќи на потресот. „Типично скопски. Првин татнеж, па тресење“, „Леле ама стресе„!, „Имаше земјотрес, или така ми се чини“, беа првите реакции на жителите на главниот град кои во својата меморија имаат тажни сеќавања за катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нови 72 заразени од 11 града, речиси 600 се активни случаи

Next Post

Пендаровски: Да се обединиме околу изворните илинденски и АСНОМ-ски идеали

Реклама