Dark Mode Light Mode

Прв пораз на Академија Пандев, Шкупи е нов лидер во ПМФЛ

Во текот на вчерашниот ден се одиграа шест натпревари од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Нов лидер на табелата е скопски Шкупи заради еден постигнат гол повеќе од второпласираниот тим на Академија Пандев кој го доживеа првиот сезонски пораз кај штипска Брегалница со 3-2.

Чаирчани го искористија киксот на струмичани, па убедливо со 4-1 славеа во пресметката со тимот на Скопје.

Реклама

Возбудувања имаше и во Скопje каде тимот на Македонија ЃП го победи велешки Борец со 3:2, во натпревар во кој сите пет гола ги постигнаа само двајца фудбалери.

И ова коло го одбележа новиот кикс на актуелниот македонски шампион, тимот на тетовска Шкендија. Тотовци одиграа само 2-2 во Битола против Пелистер.

Единствени два нерешени дуел денеска се одигра во Кавадарци каде Тиквеш и Струга одиграа 1:1, а со идентичен резултат заврши и мечот меѓу Ренова и Работнички.

Досега од максималните 15 поени, Шкупи и Академија Пандев освоија по 10 на првите две позиции, а третопласирани се тимот на Струга (се уште без пораз во шампионатот) и Македонија ЃП.

Шампионот Шкендија е на осмата позиција со само 6 поени, додека Тиквеш со 2 и Пелистер со 1 бод се на самото дно на табелата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На Табановце се чека 45 минути за излез од државата

Next Post

Во вторник истекува рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк

Реклама