Dark Mode Light Mode

Во Србија експлодира бројката на новозаразени

По појавата на делта-сојот во Србија, тамошните експерти предупредуваа дека епидемијата ќе зададе уште еден удар, а според пишувањето на „Б92“, се чини дека тоа веќе и се случува.

Денес, по повеќе од два месеца, во Србија беа регистрирани над 300 нови случаи, поточно 332 за еден ден, што укажува на драстичен скок на бројот на заразени и влошување на епидемиолошката состојба.

Оттаму српските медиуми го поставуваат прашањето – дали земјата е веќе влезена во нов бран?

Реклама

Според статистиката, доколку се видат корона-бројките во Србија во последниот месец, може да се забележи дека тие постепено растат со повремена стагнација, но и ненадејни скокови во последните неколку дена.

Пред точно еден месец, пишува „Б92“, дневниот број на заболени лица бил 84, што е четирипати помалку од денешната бројка. Повеќе од 300 нови случаи на дневно ниво во Србија не биле потврдени од 30 мај. Сепак, се нагласува дека иако бројот на новоинфицирани расте, позитивно е тоа што бројот на смртни случаи не се зголемува.

Ова ги потврдува информациите за новиот вид, кој, како што тврдат експертите, е далеку позаразен.

Лекарите секој ден ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин да се стави епидемијата под контрола.

Од друга страна, вакцинацијата во Србија бележи пад, што, според медиумите, наверојатно се должи на годишните одмори, убавото време и на падот на бројот на заразени во претходниот период.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Собранието со 56 гласови „за“ го донесе ребаланост на Буџетот

Next Post

Над 500 амандмани ја блокираа комисиската расправа по измените на Изборниот законик

Реклама