Dark Mode Light Mode

Дали вакцинирањето без закажување ќе биде масовно?

Од денеска секој кој сака може само да понесе документ за лична идентификација, да оди до некој од пунктовите кои ги посочи Министерството за здравство и да се вакцинира. Повеќе не е потребно да се закажува никаде, ниту пак да се чека некој да ве викне, единствено е потребна добра волја. Но, клучното прашање е дали со дозволувањето да се вакцинираат сите кои сакаат ќе има масовност која, според лекарите, е неопходна да можеме да се одбраниме од индискиот и од другите типови на корона-соеви кои демнеат?

Според информациите за досега вакцинираните прва доза вакцина завчера примиле 7.751 граѓанин, а вкупно се вакцинирале истиот ден 9.213 граѓани. Вкупно се аплицирани 662.372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245.231 граѓани. Со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 54 проценти од населението над 70 години, 52 проценти над 65 години, 47 проценти над 60 години, како и 39 проценти од населението над 50 години.

Како што изјави претходно министерот за здравство Венко Филипче, ситуацијата е стабилна и нема потреба од дополнителни рестриктивни и мерки за заштита. Фокусот според него треба да биде во вакцинацијата, а не во живеењето со рестрикции. Прашањето е како ќе се натераат луѓето масовно да се вакцинираат? Дел од нив не веруваат во спасот преку вакцини, а има и такви кои сметаат дека не е направена сериозна кампања за луѓето да се одлучат. Истовремено и со самите вакцини се доцнеше уште од самиот почеток, па луѓето дополнително ја изгубија довербата во здравствените власти.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Познатата Адвокатска улица ќе добие нов лик

Next Post

Почнува 61-то „Охридско лето“

Реклама