Dark Mode Light Mode

Пред два дена рече одлучно не, за денеска Филипче да најави можни мерки на границите против делта-сојот

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека поради детектирањето на индиската – делта варијанта на корона вирусот кај нас, можно е воведување мерки на границите при влез во земјава. 

– Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени, изјави Филипче денеска. 

На новинарско прашање дали евентуалните мерки што би биле воведени на границите ќе важат и за државјаните на Македонија кои ќе одат на летување и на враќање ќе мора да приложат некои од потребните документи, Филипче одговори дека доколку се одлучи оти има епидемилошка вредност, тоа ќе важи за сите. 

Реклама

До крајот на неделава со членовите на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира дали сегашната состојба бара воведување некакви рестриктивни мерки.  

Според него, логично е да се очекува дека новиот сој побрзо ќе се шири, но доколку има висок процент на вакцинирани и одреден степен колективен имунитет, колку и да е позаразен, нема да се повтори  сликата со претходниот британски сој и тогашниот силен бран. 

Во понеделникот, уште пред Комисијата за заразни болести да заседава дали да се воведуваат мерки на границите, Филипче изјави дека тоа не е потребно, иако експерти како Драган Даниловски и Никола Пановски во медиумите апелираа дека државата мора да се заштити.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Советот на Скопје повторно остана глув на граѓанските барања за зелен и хуман град

Next Post

Го активира ли делта-сојот црвениот аларм: Од понеделник ќе се дозволи и вакцинација на деца од 12 до 16 години

Реклама