Dark Mode Light Mode

Булеварот „Борис Трајковски“ станува двојно поширок, ама за две години

Градот Скопје денеска го почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова Река пред Драчево.

Според проектот, булеварот, кој е долг 2.325 метри, наместо досегашните две, ќе добие четири коловозни ленти, а ќе има и пешачки и велосипедска патека. Kрстосницата пред мостот кај Драчево ќе биде заменета со кружен тек со дијаметар од 20 метри.

Булеварот е една од артериите во градот, кон кого гравитираат педесетина илјади жители и проширувањето треба да се олесни животот во овој дел од градот. Ќе биде поставена нова канализациска мрежа – и атмосферска и фекална.

Реклама

Изградбата се планира да трае околу две години, поради експропријација и отстранување на оградите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Охридскиот регион од следниот месец се „сели“ на листата на светско наследство во опасност?

Next Post

И во Холандија ќе можеме да одиме без негативен тест и карантин

Реклама