Dark Mode Light Mode
И Македонија забрани прелети на белоруски авиони
Изговор или реално: МВР повторно неколку дена нема да прима барања за лични документи
Еко-данок: удар врз граѓаните - ќе се премисли ли владата денеска?

Изговор или реално: МВР повторно неколку дена нема да прима барања за лични документи

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека од 23 до 27 овој месец нема да се примаат барања и нема да се издаваат лични документи – лична карта, пасош, возачка дозвола, а како причина наведуваат префрлување во нов систем.

Поради ова, од МВР известуваат дека сите кои имаат термини за аплицирање за лични документи во итна постапка за 23, 24 и 25 јуни, да дојдат во просториите каде што имаат закажан термин на 22 јуни во текот на целиот работен ден или на 23 јуни до 12 часот.

Оние пак, кои имаат термини за 23, 24 и 25 јуни во редовна постапка, да дојдат од 28 јуни до 2 јули на истите тие места.

Реклама

Готовите лични документи граѓаните можат да ги подигнат до 23 јуни.

Граѓани тврдат дека во последниов месец имаат тешкотии да закажат за лични документи како лични карти и пасоши, а повеќе од три месеци не можат да обезбедат ниту регистарски таблички за автомобили.

Од Министерството за внатрешни работи рекоа дека проблемот со вадење лични документи е поради надградба на системот, но дека од 17 јуни граѓаните можат да ги добијат овие услуги.

Поради ова, прашање е дали МВР си наоѓа изговор за некој друг проблем што го има во врска со издавањето лични документи, или навистина се работи за унапредување на системот? Но, повторно, зарем тоа се прави среде лето кога има најголма навалица?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И Македонија забрани прелети на белоруски авиони

Next Post

Еко-данок: удар врз граѓаните - ќе се премисли ли владата денеска?

Реклама