Dark Mode Light Mode

УЕФА отвори дисциплинска постапка за Арнаутовиќ

УЕФА денеска објави дека назначила инспектор за дисиплински и етички прашања да спроведе истрага за однесувањето на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ кој за време на натпреварот на нашата репрезентација и Австрија го навредуваше нашиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски.

Дисциплинската постапка ја побара ФФМ откако Арнаутовиќ, по постигнувањето гол во 89 минута започна да го навредува Алиоски, додека неговите соиграчи се обидуваа да го смират.

Арнаутовиќ вчера се извини, прво на социјалните мрежи, а потоа и на прес-конференција на која не било планирано тој да им се обрати на новинарите.

Реклама

Тој решил да дојде на пресот за да објасни дека она што се случило немало врска со политиката или расизмот.

-Се радував и секако дека паднаа некои зборови кои ме заболеа. Тоа беше емоционална расправија. Можам да им кажам дека ми е жал на сите оние кои почувствуваа дека се навредени. Сакам да го заборавиме тоа што се счучи, на такви работи не им е местото во фудбалот, рекол австрискиот репрезентативец.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вакцинацијата забавува: Вчера едвај 8.000, од кои половина биле за ревакцина

Next Post

Еколошка такса за стално, намалувањето на ДДВ-то за струјата привремено

Реклама