Dark Mode Light Mode
Се враќаат кино-проекциите во „Милениум“
Се отвора граничниот премин Ново Село- Златарево кон Бугарија
Добивме амбасада и во Словачка

Се отвора граничниот премин Ново Село- Златарево кон Бугарија

Со одлука од 14 јуни на бугарскoто Министерство за здравство, се отвора и граничниот премин Златарево-Ново Село, на македонско-бугарската граница.

На граничниот премин е отворена и канцеларија на Регионалната здравствена инспекција која е задолжена за следење на обезбедувањето на потребните документи за влез во земјата, кои се воведени со сегашната наредба на бугарското Министерство за здравство.

На овој начин ќе се олесни патничкиот сообраќај од Македонија кон Бугарија затоа што, поради епидемиолошките мерки, за престој во земјата досега беше дозволен премин само преку Деве Баир, додека преку Ново Село и Делчево беше дозволен премин само за товарен сообраќај и за оние што транзитираа низ Бугарија, што создаде тешкотии при патување на македонските патници кон Бугарија.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се враќаат кино-проекциите во „Милениум“

Next Post

Добивме амбасада и во Словачка

Реклама