Dark Mode Light Mode

По 10 месеци, За првпат во земјава нема починат од коронавирус

За првпaт од 2 септември 2020, денеска во земјава нема починато лице од коронавирус.

„Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“, вели Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на ковид-19 од : Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.

Реклама

На Инфективните одделенија во Скопје  и во болниците низ земјава лежат 105 и има околу 530 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

Регистрирани се 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.

Направени се 3.068 тестови преку: ИЈЗ-120, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ „8 Септември“-12, Институт за микробиологија–66, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-174, Авицена-275, Биотек-391, Систина-118, лабораторија Лаор-374, Синлаб-30, Ремедика-13, Плодност–107, Генеа–43, Никоб лаб-329, ВФВ Медикал-94, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 708.

Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на ковид-19.

Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 155.536, оздравени се 149.628, починаа 5.471, а активни случаи се 437.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68611, активни 189
Куманово 8868, активни 52
Прилеп 8318, активни 33
Тетово 7232, активни 28
Битола 6304, активни 18
Велес 5471, активни 3
Гостивар 5180, активни 14
Кавадарци 5153, активни 0
Охрид 5011, активни 19
Штип 4959, активни 2
Струмица 4113, активни 6
Струга 2981, активни 4
Кочани 2791, активни 4
Кичево 2578, активни 26
Гевгелија 2195, активни 3
Неготино 2184, активни 4
Свети Николе 1523, активни 1
Ресен 1234, активни 0
Крива Паланка 1222, активни 2
Радовиш 1161, активни 7
Берово 1029, активни 0
Делчево 972, активни 4
Дебар 941, активни 2
Виница 886, активни 5
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 666, активни 1
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 1
Демир Хисар 400, активни 3
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 376, активни 3
Македонски Брод 359, активни 1
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активни 2
Дојран 132, активни 0

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Полицаецот од Делчево пронајден починат

Next Post

Ангеловски ги одбра единаесетмината кои ќе настапат на првиот меч на ЕУРО 2020

Реклама