Dark Mode Light Mode

На кеј денеска хуманитарна трка за помош на онколошкото одделение на Детската клиника

Хуманитарна трка за собирање донации за Онколошкото одделение на Клиниката за детски болести ќе се одржи денеска на кејот на Вардар во Скопје. Учесниците ќе трчат на патека долга 1,5 километар, а стартот ќе биде пред хотелот „Парк“ во 10 часот. На трката може да се пријават сите заинтересирани лица постари од 13 години, како и помлади лица во придружба на возрасен придружник. Котизацијата за трката е 200 денари и се плаќа на самото место, пред почетокот на трката.

За првите тројца што ќе ја завршат трката предвидени се подароци, а сите учесници по завршувањето на трката ќе добијат освежување, свежо овошје и здрава енергетска храна. Сите средства собрани од котизацијата за трката ќе се донираат на Детската клиника. Трката наречена „Трчај за надеж“ ја организираат ученичките од Меѓународното училиште НОВА, Јована Крстевска и Ева Неделковска преку училишниот клуб „Искра надеж“ што го основале и чија цел е собирање на донации за маргинализирани групи преку различни видови на интерактивни настани

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ѓоргиев: Не можеме да прифатиме државата на Цар Самуил да се претстави како единствен и директен наследник на бугарското царство

Next Post

Германија ја тргна Македонија од листа на ризични ковид - држави

Реклама