Собранието изгласа продолжување на кризната состојба на територија на цела државата поради пандемија од ковид-19 до 31 декември оваа година.
Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека тоа е непотребно, зашто бројот на заразени е намален и се сомневаат дека има друга цел – да се злоупотреби за локалните избори во октомври.
Пратеникот Бојан Стојановски побара Владата да им достави анализи и извештаи за проценка на ризикот од пандемијата и за потребата од дополнително прогласување кризна состојба, но до гласањето такво нешто не добија.