Dark Mode Light Mode
Повеќе скопски општини утре без струја
Велешанец на чело на криминалната група која од Грција преку Македонија носела мигранти во ЕУ
Нови 43 случаи со ковид за 24 часа, починаа шестмина

Велешанец на чело на криминалната група која од Грција преку Македонија носела мигранти во ЕУ

Триесет и три годишен велешанец ја предводел криминалната група која утрово беше упасена за криумчарење мигранти.

Во неа биле и две лица кои потекнуваат од земјите од Блискиот Исток. Мигрантите по потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот Исток илегално биле префрлани од Грција на територијата на нашата земја преку илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија, Струмица и Демир Капија, а оттаму со помош на водичи т.н. „качаци“, координирано биле носени на претходно утврдени и договорени локации.

Како што соопшти ОЈО, организаторот и членовите на криминалната група го договарале преземање на мигрантите од овие локации и со патнички и товарни возила ги превезувале до локации во Кумановско-липковскиот регион каде мигрантите биле прифаќани и времено сместувани и засолнувани. Понатаму преку територијата на Србија се носеле кон државите на ЕУ. За ова мигрантите плаќале од 500 до 700 евра по лице, преку агенти за брз трансфер на пари или во готовина.

Реклама

Апсењата се направени во текот на денешниот ден во координирана полициска операција на националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделот за специјални и посебни операции на СВР Скопје и СВР Струмица.

Извршени се претреси во објекти на 11 локации на подрачјето на Велес, Скопје, Штип, Струмица и Валандово и уапсени се шест лица, а се преземаат мерки за приведување на уште три лица. Четири члена на криминалната група веќе се во затвор, за претходно сторени вакви кривични дела „криумчарење мигранти“.

Од ОЈО најавуваат дека за осомничените ќе се бара притвор.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Повеќе скопски општини утре без струја

Next Post

Нови 43 случаи со ковид за 24 часа, починаа шестмина

Реклама