Dark Mode Light Mode

Левица: Обвинителството итно да покрене истрага за случајот со увозот на опасно масло за горење

ОЈО итно да покрене истрага и да утврди одговорност за сите институции кои биле запознаени со случајот со увозот на опасно масло, побара денеска партијата „Левица“. Во партиското соопштение се наведува дека објавената сторија на ИРЛ, за увоз на опасно масло, кое е забрането во ЕУ, јасно покажа дека за приватниот капитал нема граници, ниту принципи, кога е во прашање максимизирање на профитот!

Левица наведува дека во изминативе години, додека годишно над 3.000 животи беа жртви на загадениот воздух, социјал-демократската власт дозволувала увоз на токсично масло, под лажен назив “масло за горење”, преку анонимна фирма од Кичево. 

-Македонија со Владата на СДСМ стана депонија на отпад кој не може да се продаде во ЕУ, а алчната желба за профит на функционерите на СДСМ дури и во смртноста од загаден воздух гледаат можност за заработка. Покрај Брако, најголем увезувач на токсичното масло е поранешно Фени Индустри на актуелниот градоначалник Митко Јанчев, кое е познато меѓу Кавадарчани по неговите оџаци на смртта. За скандал од вакви размери, каде директно е доведено во прашање животот на граѓаните, поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев уште вчера мораше да биде повикан пред истражните органи, наведува оваа опозициска партија.

Реклама

Освен ова, Левица бара ОЈО итно да покрене истрага и да утврди одговорност за сите институции кои биле запознаени со случајот и ништо не преземале.

-Пред се, мора да има кривична одговорност од поранешниот директор на Царинската управа – Ѓоко Танаскоски, во чие раководење се реализирал скандалозниот увоз. Дополнително, актуелниот директор Горан Сугаревски мора веднаш и неодложно да ги преземе сите чекори за прекин на увозот на ваквото опасно масло. Со секој изминат ден, животот на граѓаните се доведува во опасност и Сугаревски ќе се смета за соучесник во ваквиот криминал, за кој ќе биде гонет кога институциите ќе се ослободат од заробеноста на хибридниот режим, сметаат од Левица.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Собранието не ги изгласа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за исти цени на лекување во јавно и приватно здравство

Next Post

Убаво: И Домот на градежници доби зелен покрив со разни садници

Реклама