Dark Mode Light Mode
Др. Пановски: 60 проценти од активното население има антитела на вирусот
Аеродромци побрзаа да го исфрлат кабастиот отпад пред да почне акцијата за собирање
Зошто ние Македонците сме одделна нација

Аеродромци побрзаа да го исфрлат кабастиот отпад пред да почне акцијата за собирање

Купишта кабаст отпад викендов се натрупаа околу контејнерите по скопската општина Аеродром. Граѓаните фрлале ормари, штици, маси, прозорци, врати, плакари…

Сето ова, извесно, е резулатат на слушнатиот повик и објава на општина Аеродром дека во овој период ќе се организира акција за собирање на кабастиот отпад. Во објавениот оглас на општината е наведено дека ќе има контејнери на четири локации, но граѓаните можат отпадот да го остават и пред домовите или, пак, до најблиските контејнери. Но, во објавата беше наведено и тоа дека акцијата ќе се спроведе во периодот од 18 мај, односно, од утре па до 22 мај (сабота).

Очигледно, некои аеродромци го искористија викендот за големо расчистување дома. Но, тоа предизвика и вакви глетки покрај контејнерите што значи дека контејнерските места ќе бидат затрупани со денови. Можеби, по ова, општината би требало акцијата за собирање на отпадот да ја започне веќе денеска… 

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Др. Пановски: 60 проценти од активното население има антитела на вирусот

Next Post

Зошто ние Македонците сме одделна нација

Реклама