Dark Mode Light Mode

Вардар и Еурофарм Пелистер во меч за трофејот

Ракометарите на Вардар и на Еурофарм Пелистер, денеска (17.30 ч.), во салата „Автокоманда“ во Скопје, ќе играат во 28-то финале на Купот на Македонија, откако во полуфиналните дуели славеа над Металург (27-22), односно Бутел (38-23).
Во дуелот меѓу актуелниот шампион Вардар и освојувачот на Купот на Македонија, Металург, победата им припадна на црвено-црните. Металурзите одиграа одлично во првото полувреме, кога при резултат 8-3 за Вардар, успеаја да направат серија од 7-1 и да поведат со 10-9, но не успеаја добрата игра да ја повторат и во вториот дел, така што вардарци создадоа солидна предност, која им донесе победа и пласман во финалето.
За разлика од плејоф-дуелот пред една седмица, кој беше неизвесен до самиот крај, овој пат ракометарите на Бутел само 15 минути имаа сила да му се спротивстават на разиграниот состав на Еурофарм Пелистер, кој од минута во минута ја зголемуваше својата предност за конечни плус 15 разлика, 38-23.
Во денешното 28. куп-финале, вардарци ќе играат за 14-та, додека, пак, Еурофарм Пелистер ќе се обиде да стигне до шестата куп-титула. Последен пат во финалето на Купот на Македонија, Вардар и Еурофарм Пелистер играа во 2017 година, кога вардарци со победа од 31-26 стигнаа до својот 12-ти трофеј. Својата петта последна куп-титула битолчани, пак, ја освоија во 2005 година, кога во финалето беа подобри од Металург, со 28-25.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, требаше ли да се случи труeњето за да се направи ревизија?

Next Post

Трката „Прв до врв“ утре го менува сообраќајниот режим

Реклама