Dark Mode Light Mode
Петочно стампедо по скопските улици: Секој трет казнет возач возел пребрзо
Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, требаше ли да се случи труeњето за да се направи ревизија?
Вардар и Еурофарм Пелистер во меч за трофејот

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, требаше ли да се случи труeњето за да се направи ревизија?

Целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци на децата во детските градинки ќе биде направена во претстојниот период, најави Министерството з атруд и социјална политика. Ревизијата ќе биде во насока на нивно унапредување и усогласување со потребите за правилен раст и развој на децата.

Со новите упатства за подготовка на оброците во градинките мајонезот целосно ќе биде исфрлен, посочуваат од министерството. Ова уследи по труењето на 30 деца од градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Причината за труењето е бактеријата салмонела во мајонез, кој се користел како додаток при подготовката на свежа паштета од туна и од пилешко месо.

-Под целосна ревизија ќе бидат и рецептите за подготовка на оброци за децата коишто ги користат установите за воспитание на децата, со цел да се унапредат и да се усогласат со најновите истражувања за здрава исхрана, но и за потребите на децата во делот на нутритивната вредност.

Реклама

Сега се покажа, а тоа го потврдува и Министерството, дека Упатствата за подготовка на оброците во детските градинки се изработени од Републичкиот Завод за домаќинство и за  подолг период не се променети. Зошто е така и дали требаше да се случи труењето во градинката во Куманово за да вниманието се сврти кон овој проблем, треба да одговорат надлежните. А по анализата треба да следи и редовна пракса на усогласувањето и на проверката на Упатството бидејќи состојбите во однос на производството на храната и се помасовната употреба на хемикалиите, тоа и го бараат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Петочно стампедо по скопските улици: Секој трет казнет возач возел пребрзо

Next Post

Вардар и Еурофарм Пелистер во меч за трофејот

Реклама