Dark Mode Light Mode

Македонската икона Кирил Лазаров по 17-ти пат во Топ 8 во Лигата на шампионите

Идолот на голем број на ракометни генерации, Кире Лазаров во својата историја во Лигата на шампионите ќе го одигра 17. четврт-финале. Капитенот и селектор на Македонија првиот официјален настап во најголемото европско натпреварување го имаше во 1995 година како ракометар на Борец од Велес.

Играше и за тимот на Пелистер, а својата кариера ја градеше играјќи за врвни европски клубови како Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона, а моментално го носи дресот на францускиот клуб, Нант.

Токму со Нант има три учества во четврт-финалните битки од Лигата на шампионите, а најмногу има одиграно со Веспрем, вкупно пет. Македонецот сѐ уште е лидер во Лигата на шампионите со најмногу постигнати голови низ историјата, над 1500, но и со најмногу настапи од сите играчи.

Реклама

Лазаров во ова четврт-финале од Лигата на шампионите со својот тим ќе игра против еден од фаворитите за освојување на шампионската титула, Веспрем. Првиот дуел на двете екипи ќе се одигра денес со почеток од 20:45 часот во Нант.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево со мала до умерена облачност

Next Post

41 возач претерал со брзината, 15 немале возачка, 11 разговарале на телефон...

Реклама