Dark Mode Light Mode

Советот на Центар со нови елаборати ќе бара суспензија само на планот за паркингот кај ГТЦ

Нема да се врши суспензија на целиот ДУП „Голем ринг“ туку само на градската четврт која го опфаќа просторот на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“ односно ГТЦ. Ваква „стратегија“ на вчерашната седница донело мнозинство советници во Советот на општина Центар во однос на случајот кој последниве месеци ја разбранува скопската јавност.

Иако се очекуваше Советот да донесе одлука за супензија на целиот ДУП тие на крајот донеле заклучок со кој сега Комисија формирана од градоначалникот Саша Богдановиќ ќе подготви елаборат кој ќе биде основа за суспензија на дел од овој ДУП или на некои други ДУП-ови кои веќе не се под мораториумот. Одлука за суспензија ќе се гласа откако ќе се добие мислење од Министерството за транспорт и врски. На седницата за оваа точка „за“ гласаа 13 советници, а двајца воздржани. Сега Комисијата има рок од 20 дена да ги достави елаборатите до Министерството за транспрт и урбанизам.

Со ова, практично, веќе не важи заклучокот на Советот од декември лани кога беше здолжен градоначалникот да изврши суспензија на плановите. Градоначалнкот Саша Богдановиќ по седницата објасни дека се решиле на ваква постапка со цел да се одбегнат штетите по општина Центар кои би можеле да произлезат од судски постапки кои би можеле да ги покренат инвеститорите. Според него, се бара начин како плановите да се променат без да има последици по општината, а во овој момент инвеститорите „МГ Фешн“ и МПЦ-ОА се се уште далеку од тоа да добијат правосилна одлука за градба на висококатниците на паркингот кај „Холидеј ин“.

Реклама

Од друга страна, се уште се чека епилогот на иницијативата која Антикорупциската комисија ја поведе пред Јавното обвинителство да покрене постапка за донесувањето на Деталниот урбанистички план (ДУП) кај „Холидеј ин“. Антикорупционерите сметаат дека во носење на овој ДУП сторени се повреди како од планерите така и од вработените во Општина Центар, Градот Скопје и Министерството за транспорт и врски кои ги занемариле ваквите пропусти и со тоа овозможиле донесување на ДУП кој е спротивен на законските прописи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Умерена облачност и слаб ветер, температура до 28 степени

Next Post

Вархеји пак ни повтори: Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

Реклама