Dark Mode Light Mode

Директори на училишта „се разбудија“, наложија итни состаноци на советите на родители

Дури денеска се разбудија дел од училишните одбори па во дел од скопските училишта итно се свикани вонредни состаноци на советите на родителите, во врска со дигитализација која ја наметнува министерката Мила Царовска. Откако со недели родителите вријат, се мобилизираат на социјалните мрежи во обид да допрат до министерката и да го спречат избрзаното носење на многу сериозната реформа, училишните директори освен што им вршеа притисок на родителите преку дечињата не преземаа ништо друго.

-Како не ви е срам да бидете партиски послушници, па вие сте директори на основни училишта, разбирате ли колку сте важни?! Вие не смеете да бидете слепи полтрони на вашите партии туку самостојни личности кои ќе работат во интерес на децата – оти тие се иднината!
-Добро утро драги директоришта, сега ви текна дека треба итни родителски совети да свикувате,срам да ви е!!! – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Координаторката на Фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има!“, Драгана Спасевска, која за фантастично кусо време собра околу 80 илјади членови, вчера по средбата во Министерството за образование изрази разочараност што Царовска воопшто и не се појавила на состанокот. Бојкотот на наставата за сега е во мирување, се додека не се произнесе МОН деновиве во врска со барањата на родителите.

Реклама

-Ако МОН не ги слушне нашите силни апели, излегуваме на улица, нагласи Спасевска.

Дали директорите ќе ги стивнуваат таквите реакции или вистински ќе се заложат за доброто на образованието ќе видиме наскоро.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Советник во Гази Баба и се заканувал на вработена - го пријавила во МВР

Next Post

„Оффест“ презакажан за во ноември, вината е во Министерството за култура

Реклама