Dark Mode Light Mode

Ех, да можеше нов клинички центар со партиски препукувања да се гради…

Со години Македонија чека да добие нов, модерен Клинички центар. До сега добиваше само ветувања, планови, смена на плановите…, а сега има и препукување меѓу власта и опозицијата.

Едноставно, наместо конкретни договори и чекори кон реализацијата за доброто на граѓаните изградбата на новиот Клинички центар никако да излезе од меѓупартиските пресметки на двете најголеми партии. Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ пред месец дена имаа средба на која беше договорено деблокирањето на овој проект, но повторно се појавија разликите поради кои целиот проект е парализиран. Владеачката СДСМ обвини дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прекршила ветувањето дека ќе се откаже од блокади на важни закони за граѓаните, вклучително и законот за нов Клинички центар.

-Тие се уште блокираат, опозицијата работи директно на штета на граѓаните и државата, бидејќи со блокадата на овој закон попречуваат македонското здравство по 80 години да добие нов и модерен Клинички центар,се наведува во соопштението од СДСМ.

Реклама

Наспроти ова, од ВМРО-ДПМНЕ изјавуваат дека на сребата било поинако договорено.

 Претседателот Мицкоски на последната средба со Заев даде конструктивно предлог-решение кое ќе значи комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кое би чинело околу 100 милиони евра, како и изградба на ургентен клинички центар кој би бил наспроти приватната болница „Жан Митрев“ и со кој би се поврзале Поликлиниката ‘Букурешт’ и ГОБ ‘8 Септември’ и исто така изградба на уште три универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола, кои би чинеле по десетина милиони евра“,стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека нема никогаш да бидат против изградба на Клинички центар, но нема да дозволат да се темели на физибилити студија од 40-тина страни“.

Позициите, очигледно, се дијаметрално различни. Значи ли ова дека парализираната состојба ќе остане и натаму или двајцата лидери повторно ќе се сретнат за да расчистат што да се прави. Вака, времето само залудно поминува, а граѓаните и здравството стануваат најголеми губитници.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Фон дер Лаен му пиша на Вучиќ, ќе му прати ли слично писмо и на Пендаровски?

Next Post

Бројката на хоспитализирани со ковид падна под 1.000, во Скопје нови 27 пациенти

Реклама