Dark Mode Light Mode

Апел на РСБСП: Не го потценувајте крајот на летото, возете одморени и одговорно

Не го потценувајте крајот на летото,сѐ уште температурите се високи, а фрекфенцијата на сообраќај, зголемена, возете одморени и одговорно, апел е кој упатува Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Во пораката се потсетува дека во летниот период, за време на годишните одмори, во услови на зголемена сообраќајна фреквенција, високи температури и опуштена атмосфера, се зголемува и ризикот за предизвикување на сообраќајни незгоди.

-Конкретно, статистичките податоци покажуваат дека во летниот период , односно во летните месеци, доаѓа до речиси двојно зголемување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, во однос на останатите месеци во годината. Ваквите состојби ја поттикнуваат потребата за преземање на една широка и сеопфатна акција за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, укажува РСБСП.

Во овој период од годината и согласно тоа, РСБСП и МВР ја реализацираат таканаречената „ Летна кампања 2021“. Летната кампања 2021 се реализира под мотото „Вози одморен“. Целта на летната кампања е подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку едукација и подигање на свеста кај возачите за влијанието на високите летни температури и на заморот врз способноста за управување со моторно возило.

Реклама

-Возењето во летни услови носи многу предизвици. Обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани за патување, да се прилагодат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. За ваша безбедност и за безбедноста на вашите најмили, бидете одговорни во сообраќајот, се наведува во апелот.

Согласно тоа, РСБСП апелира возачите да бидат внимателни и концентрирани кога учествуваат во сообраќајот, да не го потценуваат заморот, да патуваат одморени и наспиени и да прават минимум 15 минути пауза на секои два часа возење. Сообраќајните незгоди кои се последица на заморот, најчесто завршуваат фатално.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Две малолетнички тешко повредени во сообраќајка кај скопско Јурумлери

Next Post

На крстосницата кај делегацијата ЕУ биле измерени 60,3 степени целзиусови

Реклама