Dark Mode Light Mode

Солун: Уапсен Мароканец осомничен дека е поранешен водач на „Исламска држава“

Грчките власти го уапсија мароканскиот државјанин Абу Мохамед Ал Фатех, осомничен дека е поранешен водач на екстремистичката група „Исламска држава“, соопштија извори во Атина и Рабат.

Извор од грчката полиција наведе дека 28-годишникот бил уапсен како дел од тајната операција во Солун, поради поврзаност со „Исламската држава“ во Сирија.

Во 2017 година, Мароко издаде меѓународна потерница за уапсениот.

Реклама

Извори од мароканските безбедносни служби наведоа дека Ал Фатех е уапсен во вторникот и дека го бараат „за учество во подготовка на терористички напади во Мароко“.

Ал-Фатех се приклучи на Исламската држава во 2014 година во Сирија, каде што беше „на одговорни позиции“, според извори во Рабат.

Успеал да избега од Сирија со помош на лажни документи.

Според официјалните податоци, на џихадистите во Сирија, Ирак и Либија им се придружиле околу 1.600 Мароканци, од кои 270 се вратиле во Мароко, а 745 биле убиени.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дојде август, но Марин, Богоев, Богдановиќ и Димитриевски уште не знаат дали пак ќе се тркаат за градоначалници

Next Post

Сончево и топло време, до следниот петок температури над 40 степени

Реклама