Dark Mode Light Mode

Нови 59 пациенти хоспитализирани во ковид центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информира министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршките клиники имало 19 Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 19 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, а на Клиниката за Детски болести имало 8 приеми. На Институтот за физикална медицина е примен еден нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 83 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 194 пациенти, посочуваат од здравство.

Реклама

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 117 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 120 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има 3 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 19 болни.

Според ресорното министерство, бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 220 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Од оваа институција известуваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Еден починат во сообраќајна несреќа

Next Post

Од утре вакцинираните лица во Србија добиваат дигитални ковид сертификати

Реклама