Dark Mode Light Mode

Општина Центар: Ги контролираме и санкционираме непрописно паркираните возила

Во Скопје има голема сообраќајна некултура и тешко е сето тоа да се контролира. Полицијата е таа која е најодговорна за оваа работа.

Општина Центар е една од најревносните во градот во обидот да се воведе ред во сообраќајот, особено во паркирањето каде има ингеренции. Се казнуваат непрописно паркираните, се шират дел од паркинзите…

Инаку, во врска со пишувањата во одредени медиуми за наводен „хаос“ со паркирањето во Општина Центар, од општината информираат дека Општина Центар, ЈП „ПОЦ“ и ЈП „Градски Паркинг-Скопје“, ги санкционираат сите непрописно паркирани возила на територија на општината.

Реклама

-Поради зголемениот степен на сообраќај во централното градско подрачје, особено во околината на Дебар Маало, информираме дека екипите на ЈП „ПОЦ“ и ЈП „Градски Паркинг-Скопје“ се на терен и непречено ја извршуваат својата должност. Во моментов, во Општина Центар се одвиваат градежни работи на улицата „Орце Николов“, кои ги опфаќаат и паркинг местата на истата улица и бројот на паркинг места во овој дел од Центар е намален.

Општина Центар, ЈП „ПОЦ“ и ЈП „Градски Паркинг-Скопје“ постапуваат навремено, пајак службата е на терен, досега санкционирани се преку 30 возила, се врши увид на лице место и се регулираат сите оние возачи кои не ги почитуваат правилата за паркинг на територија на општината, стои во општинското соопштение.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Претежно сончево со температура до 26 степени

Next Post

Бојкот на наставата, се чека министерството да ги слушне родителите

Реклама