Dark Mode Light Mode
Летни температури за празничниот викенд
Многу скопјани излегоа на кафе по кафулиња, како ли ќе се приберат во сабота?
Отворен е конкурсот на најдобар необјавен роман за 2021 година

Многу скопјани излегоа на кафе по кафулиња, како ли ќе се приберат во сабота?

Како на ред за топол леб, така се чини чекаа скопјани кaj кафулињата, кафеаните и рестораните за да се отворат. Вчера центарот на градот беше преполн, се разбира со почитување на мерки и дистанца, но сите маси беа зафатени. Сепак има лекари кои велат дека тоа е само почеток, а оти вистинскиот метеж ќе се случи на Велигденската вечер.

-Мислам дека е нонсенс во деновите каде што очекуваме пик на масовни собирања да нема полициски час. Еве пластично преку пример, сите што сме растеле во Скопје традиционално околу соборен храм се собираат за Велгиден. И традиционално има некој алкохол со луѓето бидејќи досте голем број од нив постеле подолго време и што ќе се случи по полноќ кога ќе биде главната ситуација. Како планира оваа држава да ги прибере тие луѓе после полноќ, кога нема полициски час и има масовно алкохолизирање. Така што нема шанси ова прекинување на полицискиот час да не продуцира нови случаи, вели матичниот лекар Ненад Лазаров.

Прашањето е дали апелите кои сега надлежните ги даваат за совесно славење може да не спасат од евентуален нов бран. По толку време во пандемија да очекуваме дека скопјани ка научија лекцијата дека треба многу да се внимава.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Летни температури за празничниот викенд

Next Post

Отворен е конкурсот на најдобар необјавен роман за 2021 година

Реклама