Dark Mode Light Mode

Ќе има првомајски синдикален марш

„Здружени со иста цел“ е мотото на синдикалниот марш во Скопје со којшто Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) годинава ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

Според најавата од ССМ, маршот ќе почне пред зградата на Синдикатот во 10.30 часот, со запазување на сите мерки и препораки за заштита од ковид -19.

– Празникот го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција. Ги повикуваме сите работници, кои ги препознаат нашите вредности и заложби, да се приклучат во семејството на ССМ, семејство на рамноправни членови, работници и граѓани, кои не сакаат само да критикуваат, туку сакаат дирекно да се вклучат со сиот свој капацитет и потенцијал, во креирањето и градењето на државата, се вели во повикот од ССМ.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кривична за Тодор Петров како организатор на протестите од неделата

Next Post

Од утре автобусите на ЈСП ќе возат до 21 часот

Реклама