Уште еден македонски лекар почина од последиците на Ковид-19, објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.
Д-р Сенат Грбовиќ, кој работел како лекар во Брзата помош во Здравствениот дом Скопје, колегите го опишуваат како вреден и исклучително професионален и колегијален. Тој почина на 53-годишна возраст.
-Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на др. Сенат, напишаа од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари во објавата на тажната вест на социјалната мрежа Фејсбук.