Dark Mode Light Mode
Обвинет за шверц на мигранти избегал пред суд
Нова средба и нов обид за напредок на македонско-бугарската комисија за историски прашања
Нови 48 примени во болница со компликации од ковид во Скопје

Нова средба и нов обид за напредок на македонско-бугарската комисија за историски прашања

Денеска и утре Заедничката мултидисциплинарна македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања го одржува 13 состанок, кој поради условите се одржува онлајн.

За темите за кои ќе се разговара и за она што ќе се постигне се очекува да информираат преку соопштение. Бугарските медиуми во меѓувреме објавија дека тема ќе бидат прашањата поврзани со Цар Самоил.

На минатиот состанок во февруари тема беа учебниците за седмо одделение, како и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев, Министерство за надворешни работи соопшти дека не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, ниту согласност за прашањата поврзани со Средниот век.

Реклама

Комисијата тогаш не го отворила прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување.

Бугарскиот копретседател на Комисијата  Ангел Димитров на брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи рече дека се уште не е решен спорот околу цар Самоил и случувањата од периодот на крајот на Првото бугарско царство, бидејќи од македонска страна постоела целосна воздржаност да се спомене дека заедничката историја започнала во Средниот век и поради „двоен стандард во проценката за Самоил, во зависност од тоа дали станува збор за заеднички прослави или за текстовите во македонските учебници“.

Извори од тимот на македонските членови на Комисијата, за Радио Слободна Европа тогаш, пак, брифираа дека понудиле неколку предлози за Цар Самоил кои претставувале чекор напред од нивните досегашни позиции, но дека бугарските колеги ги одбиле и останале на своитe стари ставови „кои се во основата на спорот помеѓу двете историографии“.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Обвинет за шверц на мигранти избегал пред суд

Next Post

Нови 48 примени во болница со компликации од ковид во Скопје

Реклама