Dark Mode Light Mode

По дигиталните книги, доаѓа и електронскиот упис на првачињата

Првачињата кои за прв пат во училишните клупи ќе седнат во септември ќе се запишуваат електронски.

Преку порталот uslugi.gov.mk родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.

Откако тој административен процес ќе се заврши имаат само една посета во училиштето на средба со педагогот и проценка и понатамошно започнување на процесот на образование на еден ученик.

Реклама

За користење на алатката од страна на училиштата, предвидени се соодветни обуки кои започнуваат уште утре.

Денешната информација за дигитализирање на уписот на првачињата доаѓа во време кога МОН најави дека учениците од четврто до деветто одделение и во средните училишта ќе имаат дигитални книги, а ќе се печатат од училиштето само доколку некој нема услови за користење на електорнската верзија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Фатен бегалецот од пред Кривичниот суд

Next Post

Апасиев во разговор со рускиот амбасадор се оградил од антируските изјави на министерот Османи

Реклама