Dark Mode Light Mode

Заев: Можеби Шекеринска се дистанцира од мене, јас од неа не

Откако вчера Радмила Шекеринска најави дека на конгресот на партијата во мај нема да се кандидира за заменик-претседател на СДСМ, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев рече дека оваа нејзина одлука е во договор со него и членството за да се отстапи простор за избор на нови луѓе.

Заев, на новинарско прашање, да ја коментира оставката на Шекеринска, прво рече дека таа не поднела оставка, туку најавила дека нема намера да се кандидира за трет мандат и дека тој таа нејзина одлука ќе ја почитува.

Заев денеска заа Шекеринска говореше во суперлативи – дека таа е заслужна за влезот на нашата земја во НАТО и за многу важни процеси во државата, дека таа е негова другарка и без разлика каде ќе се најде во општеството или во СДСМ тој ќе соработува со неа, потсетувајќи дека тие заедно во 2013 година како тим во СДСМ и до пред некое време како негов вицепремиер, работеле на големи процеси во државата.

Реклама

Од друга страна, во јавноста иако неофицијално, се зборува дека со заминувањето на Шекеринска од оваа позиција во партијата, за прв пат воведена во 2013 година, со надлежности исти како и лидерот на партијата, доаѓа до чистка на т.н. скопско крило од партијата кое го контролира Шекеринска.

Заев денеска рече дека не знаае што е тоа скопско крило, и дека и тој како долгогодишен жител на Скопје е можеби „скопско крило“, додавајќи дека треба да се праша Шекеринска дали таа можеби се дистанцира од него.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Лазаров го објави скратениот список со ракометари за Финска и Швајцарија

Next Post

Првачињата ќе се запишуваат и онлајн

Реклама