Dark Mode Light Mode

Попладнево се очекува пристигнување на 10.000 вакцини во Македонија

Со авионски лет до Софија, а потоа со специјален транспорт во Скопје попладне треба да пристигнат 10 илјади вакцини против корона вирусот на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април.

Накавено е дека кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи. Во Македонија досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската „Спутник-В“ и илјада од кинеските вакцини.

Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.

Реклама

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена ја оцени како стабилна состојбата во болниците и рече дека нема некој голем и неконтролиран наплив на пациенти во сите јавно-здравствени установи во Скопје и во државата. Тој очекува во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дождливо со умерен северен ветер

Next Post

Мицкоски и Пендаровски си кажаа кој бекнал кога било потребно

Реклама