Словенечкиот премиер Јанез Јанша во разговорот со мене ми негирал дека е креатор на документот за примена на границите на Балканот, изјави синоќа Христијан Мицкоски, лидер на опозициска ВМРО-ДПМНЕ. Во настапот во емисијата „Само виситина“ на Канал 5 тој рече дека за таков сличен документ разговара премиерот Зоран Заев.
-Јас денеска разговарав со премиерот на Словенија, господинот Јанша бидејќи сме ете и пријатели, тој пак друго ми кажа. Тој пак ми кажа дека Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев креирале сличен таков нон пејпер кој што се шири по Европа. Господинот Јанша апсолутно го одбива документот. Тој вели дека не постои таков документ. Вели дека ниту сум кажал, ниту пак ме интересира, рече Мицкоски.
Тој додаде дека Јанаш искажал неизмерна поддршка кон македонскиот народ, граѓаните на Македонија, и дека иднината на Македонија ја гледа во рамките на обединета Европа.