Според моите информации, околу 2000 граѓани имаат нерешен статус на државјанство, од коишто 1300 се Албанци, другите се од другите етнички заедници, изјави денеска Бујар Османи, мнистер за надворешни работи.
НА денешната конференција за печат тој рече дек аоколу бројката имало многу шпекулации.
-Прво е многу важно да се дефинира проблемот пред да се пристапи, бидејќи имаше шпекулации за 70.000, 40.000, 50.000 со цел темата да стане дел од добивањето на дневно-политички поени, а не решавање на судбини на граѓани, рече Османи.
Одговарајќи на новинарско прашање тој нагласи дека станува збор за 1300 нерешени апликации коишто од различни причини се се уште нерешени. Причините биле различни – дел поради бирократска инертност, дел поради погрешно интерпретирање на законите…
– Сепак не е малку 1.300 граѓани да немаат можност да имаат документи, а луѓето живеат овде и не можат да ги користат основните права коишто ги имаат како граѓани. Во последните 20-30 години имаше една информација дека околу 14.000 го решиле прашањето токму преку законските решенија коишто ги олеснуваа одредени бирократски процедури. Останувата овие 2.000 и низ системот треба да се регулира нивниот статус. Меѓутоа, оваа тема никаконе смее да се „киднапира” во дневно политичките препукувања, особено во услови на криза и пандемија со цел да се заклучат други важни исто така прашања, потенцираше Османи.