Dark Mode Light Mode

УЕФА бара истрага за наместени натпревари во Србија

Фудбалската федерација на Србија денеска соопшти дека во тек е истрага за можно местење на резултати на два натпревара во домашното првенство, по информации добиени од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Со ова се потврдуваат објавените информации на телевизијата „Спорт Клуб“ дека УЕФА доставила до ФСС обемен материјал, поткрепен со сериозни сомневања дека бил наместен исходот на два натпревара од тековната сезона во српското првенство.

– Точно е дека добивме одредени податоци од УЕФА во врска со можни нерегуларности кои укажуваат на тоа дека дошло до нарушување на интегритетот на некои натпревари. Процесот пред надлежните органи на ФСС е во тек. Во моментов не можеме да откриеме повеќе детали, а јавноста навремено ќе биде детално известена, изјави портпаролот на ФСС Милан Вуковиќ за српските медиуми.

Реклама

Сомневањата за наместени натпревари во Србија се појавиле по сомнителни уплати на два натпревара во обложувалници во Европа и Азија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И покрај забелешките МОН децидно: Првачињата од септември ќе учат по новиот концепт

Next Post

Олимпијада во услови на пандемија: Се спрема карантински хотел за заразени спортисти

Реклама