Dark Mode Light Mode

Милошоски: И припадник на ИСИС имал еден од македонските пасоши со туѓ идентитет

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека македонски пасоши добил и припадник на ИСИС, во рамки на аферата за издавање наши пасочи на припадници на меѓународни криминални групи.

Антонијо Милошоски на прес-конференција рече дека македонски пасош издаден од МВР во 2018-та година има и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС.

Тој бил баран со потерница од приштинскиот суд за одлежување на затворска казна. Тој според Милошоски имал македонска патна исправа со лажен идентитет, едн од оние 215 кои им биле издадени на странски државјани.

Реклама

Како што објави Милошоски, во февруари 2019-та година на пристаништето во Валона бил уапсен Фитим Дема, косовски државјанин кој имал македонска патна исправа. Инаку во Сирија бил познат како еден од најблиските соработници член на Љавдрим Мухаџери, еден од најпознатите членови на ИСИС и на оваа терористичка организација од регионот.

Според тврдењата на опозицијата, откако добил македонски пасош, намерата на Дема му била со траект преку Валона да замине за Бриндизи во Италија. И тогаш благодарение на препознавањето од страна на граничната полиција на Албанија е уапсен и е констатирано дека има македонска патна исправа, за што албанските медиуми пишуваа во текот на 2019-тата година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Трајче Заев се јави од Дубаи - демантира каква било врска на семејните фирми со запленетата дрога

Next Post

И покрај забелешките МОН децидно: Првачињата од септември ќе учат по новиот концепт

Реклама