Dark Mode Light Mode

Денеска 687 новозаразени, но затоа дури 46 починати од ковид

Во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи. Тоа е околу 22,5 отсто од вкупниот број на тестирани и покажува извесно намалување н бројот на новозаразени, но затоа бројот на починати во изминатото деноноќие е ужасен – 46.

Од нив 13 од Скопје (51г, 59г , две лица на 63г , 65г, 69г, 71г, две лица на 72г, 81г, 82г, 84г, 87г), од Битола – 6 (53г, 67г, 70г, 72г, 78г, 90г), од Тетово – 4 (44г, 65г, 78г, 84г), по 3 починати пациенти од Куманово ( две лица по 70г и 76г), Прилеп (34г, 68г и 73) и Струмица (72г, 76г, 82г), по 2 од Штип (72г, 74г), Радовиш (47г, 70г) и Виница (62г, 76г), по 1 од Велес (84г), Кавадарци (84г), Охрид (59г), Струга (86г), Неготини (89г), Кратово (85г), Македонски Брод (76г) и Македонска Каменица (77г) . Од починатите пациенти, 43 се починати во болнички услови, а 3 лица во домашни услови

Од новите заразени околу половина се во Скопје – 310, Куманово – 55, Битола – 35, Прилеп, Охрид и Струмица по – 33, Велес – 31, Кавадарци и Тетово по – 23, Гостивар – 19, Штип и Кочани по – 17, Свети Николе – 11, Кичево, Ресен и Виница по -7, Неготино – 6, Гевгелија и Македонски Брод по – 4, Струга – 3, Богданци – 2, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово и Дојран по – 1.

Реклама

Регистрирани се 1.347 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836. Од нив 9.659 се во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Олимпијада во услови на пандемија: Се спрема карантински хотел за заразени спортисти

Next Post

Од каде ова црнило сега? Дали навистина автомобилите најмногу го загадуваат Скопје?

Реклама