Dark Mode Light Mode
Дупка се отворила како пупка во Усје и чека награда
ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и бедно, во викенд кога умреа 78 лица од ковид, Филипче и Заев се возикаа со мотори
Словенија го укина полицискиот час, се отвораат училиштата

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и бедно, во викенд кога умреа 78 лица од ковид, Филипче и Заев се возикаа со мотори

Додека граѓаните умираат и се заразуваат, Зоран Заев и Венко Филипче си тераат прошетки со мотори, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој викенд кога 78 фамилии ги изгубија своите најблиски, овие двајца кои се најодговорни за катастрофата цело време шетаа на релации од Скопје, преку Крушево, по течението на Радика, Охрид и каде ли уште не.

Овој месец изгубени се над 400 животи во Македонија затоа што Филипче и Заев не набавија навремено и доволно вакцини за имунизација на граѓаните. Над 10.000 има нови заболени затоа што наместо епидемиолошката слика на Филипче и Заев им беа битни партиски избори, ивенти и попис.

Реклама

И сега како сосем одлепени од реалноста Филипче и Заев без око да им трепне се развозуваат со мотори низ Македонија во еден од најцрните викенди во КОВИД епидемијата.

Срамно и бедно. Но тие очигледно се оперирани од срам и одговорност, бидејќи дозволија Македонија да биде на врвот по смртност и на дното по вакцинација во светот, пишува во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дупка се отворила како пупка во Усје и чека награда

Next Post

Словенија го укина полицискиот час, се отвораат училиштата

Реклама