Dark Mode Light Mode
Облачно со повремен дожд и северен ветер
Чулев: Истрагата за пасошите беше комплетирана кога бев министер, зошто Спасовски чекаше недозволиво долго?
Црниот корона биланс мина 4.000 починати, се знае ли како понатаму во битката?

Чулев: Истрагата за пасошите беше комплетирана кога бев министер, зошто Спасовски чекаше недозволиво долго?

Истрагата за лажните пасоши беше речиси комплетирана во периодот кога бев министер, но заради задржување на професионален однос и несакањето да биде ставена во контекст на парламентарните избори, истата не финишираше односно не беше обелоденета, соопшти вчера Наќе Чулев, ексминистерот за внатрешни работи во време на техничка влада. Во објавата на Фејсбук тој потенцира дека актуелниот министер Оливер Спасовски чекал премногу време за да се заврши акцијата.

-Која е причината поради која се чекаше недозволиво долг период кога во континуитет се издаваа македонски пасоши исклучиво знае Оливер Спасовски и одговорноста е исклучиво негова. Тој е министерот на кој редовно намерно или ненамерно му се случуваат сериозни пропусти во работењето што резултира со последици по меѓународната репутацијата и интегритетот на државата, а што се отсликува и со рапидниот пад на Македонија на листата на земји по степен на корумпираност, нагласува Чулев во објавата.

Тој додава дека е недозволиво земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка база за најозогласени криминални транснационални картели со активности на сите континенти.

Реклама

-Сега е крајно време Оливер Спасовски, да понесе најмалку морална и политичка одговорност, и да ја препушти оваа одговорна функција на личност која максимално посветено и чесно ќе ја извршува истата. Тој има обврска одговорно и согласно со законите да ја извршуваа таа функција и за тоа не треба да биде потсетуван и да му се врши притисок од страна на опозицијата, граѓаните и странските партнери кои пак очекуваат бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција, наведе Чулев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Облачно со повремен дожд и северен ветер

Next Post

Црниот корона биланс мина 4.000 починати, се знае ли како понатаму во битката?

Реклама