Dark Mode Light Mode

Облачно со повремен дожд и северен ветер

Во Скопје времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во останати краишта од Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места.

Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени Целзиусови.

Реклама

Од утре ќе настапи стабилизација на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

10 години јубилеј на Скопје танцовиот фестивал

Next Post

Чулев: Истрагата за пасошите беше комплетирана кога бев министер, зошто Спасовски чекаше недозволиво долго?

Реклама