Dark Mode Light Mode

Шилегов за грчки медиум: Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад

Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во интервјуто за грчкиот портал „Етнос.гр“. Тој, покрај другото, одговори на прашањето врзано за спомениците во централното подрачје на Скопје при што рече дека тие се во надлежност на скопската општина Центар. Во информацијата која што ја пренесува македонската агенција МИА не се наведени деталите содржани во одговорот за споменикот „Воин на коњ“. Тој посебно се задржа на галиите во Вардар.

-За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација, рече Шилегов.

Скопски градоначалник истакнал и тоа дека испратил писма со честитки до општините Атина и Солун кога новите градоначалници ги презедоа функциите.

Реклама

-Добро е за нашите градови да соработуваат. За жал, не успеавме да се сретнеме во текот на целиот овој период на пандемија. Костас Бакојанис одговори на моето писмо. Сепак, немав никаков одговор од општина Солун. Со Костас Бакојанис разменивме честитки и за новата година, вели Шилегов.

Шилегов оценува дека некои работи во соработката со Солун заостанаа поради коронавирусот, но верува дека по пандемијата брзо ќе се нормализираат односите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Граѓаните ги потсетуваат Шилегов и Богоев: Паркот во Карпош 4 ќе, ќе, ќе биде... ли?

Next Post

И натаму висок број на новопримени пациенти со ковид во Скопје - 81 за 24 часа

Реклама