Dark Mode Light Mode

Ограбил двајца таксисти во Скопје ставајќи им нож под грло

Подигнато е обвиниение притив жител на тетовското село Желино поради две разбојништва што ги извршил врз двајца скопски таксисти во одвоени напади во Скопје. Во информацијата која ја сподели Основното јавно обвинителство Скопје се наведува дека лицето кое има 28 години на 28 февруари заедно со уште едно засега непознато лице влегле во такси возило на улицата „Димитрија Чуповски“ и побарале од оштетениот таксист да ги вози до хотел во близина на Скопски саем.

-Кога стигнале на булевар „Никола Карев“, во близина на клучката за Чаир, му кажале на таксистот да го запре возилото. Обвинетиот од задното седиште го фатил оштетениот за јаката, го повлекол назад и му ставил нож под вратот, заканувајќи му се дека ќе го убие ако не им ги даде парите. Неговиот сопатник кој седел на совозачкото седиште за тоа време започнал да пребарува низ преградите на возилото, го пронашол паричникот на таксистот од каде одзел 950 денари, а го одзеле и мобилниот телефон на оштетениот вреден 6.000 денари. Потоа двајцата избегале во непознат правец, соопшти ОЈО.

Во обвинението се додава дека на 4 март, на сличен начин, обвинетиот запрел такси возило на улицата „Џон Кенеди“, се качил во автомобилот и побарал да биде одвезен до еден хотел. Пристигнувајќи во близина на наведената локација, повторно со нож му се заканил на таксистот и одзел 1.500 денари и мобилен телефон вреден 8.500 денари.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Станаа специјалисти за недореченост: Пописот почна или се одложува?

Next Post

Кому Шеќеринска пиша „Браво“; Претседателе кажи „Со срце за Македонија“...

Реклама