Dark Mode Light Mode

Треба ли да се случи катастрофа за рампата во Хиподром да се направи?

Цела седмица рампата на железничката пруга кај Хиподром е постојано отворена, возилата минуваат слободно, а исто така и возовите. До овој момент само со многу внимание и Господ не чува од катастрофа, велат скопјани кои живеат и секојдневно го возат овој пат.

-Возачите мислат дека е слободно да си минат оти рампата е крената, а исто и возовите… Секоја секунда е можна катастрофа, велат жителите кои живеат во овој реон.

Тврдат дека пријавиле во полиција, од таму им рекле дека ќе преземат мерки, но рампата е во истата позиција – крената како за слободно движење.

Реклама

-Во полиција пријавивме, тие се должни да интервенираат, оти кој ќе одговара ако нечиј живот заврши катастрофално? Дали само знаат колку луѓе испозагинаа точно на оваа рампа? Не смеат да си дозволат ваков комотен однос, не смеат. Ако некој заврши трагично кој ќе сноси одговорност? Најверојатно тој што ќе го загуби животот, оти кај нас за грешките на државните институции никој не одговара, а секогаш се жртви тие што ионака ќе настрадаат, велат луѓето.

Која е причината што рампата не работи граѓаните можат само да претпоставуваат. Некои велат дека ги крадат механизмите бидејќи се железни, а можеби пак и самата механизација е стара и дотрајана. Затоа е неопходно сериозно да се реши овој проблем, ама еднаш и засекогаш – молат скопјани. Колку кататстрофи треба да се случат за рампата пак да функционира?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Убедлива победа на Mакедонските фудбалери против Лихтенштајн

Next Post

Празни репертоарите на МНТ и Драмски театар за месец април

Реклама