Dark Mode Light Mode

Контејнери за стакло има, само уште да се навикнеме да ги користиме

Уште 60 контејнери за стаклена амбалажа ќе бидат распоредни нив Скопје во наредниот период, со што со постоечките 62 веќе има солиден број места за граѓаните да почнат со паметно управување на отпадот.

Сите овие контејнери се де од проектот „Управување со отпад од стаклена амбалажа на Западен Балкан”, а се донација од Германското друштво за интернационална соработка-ГИЗ.

Новите контејнери ќе бидат распоредени во општините Гази Баба и Аеродром, а експерти ќе го следат целиот процес и ќе развијат соодветен метод за рециклажа на стакло кој што во иднина ќе биде применлив и во Скопје.

Реклама

Градоначалникот Петре Шилегов ги повика граѓаните да се вклучат масовно и да ги собираат шишињата, теглите и другите стаклени пакувања од своите домови и да  ги фрлаат во овие контејнери. Најави дека следниот чекор ќе бидат контејнери за пластика и за хартија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нов рекорд на примени пациенти со ковид во Скопје, ќе се сместуваат и на Ургентен

Next Post

ОЈО: Детето што се задуши во пожар во Гостивар било врзано со ланец за нозете

Реклама