Dark Mode Light Mode

Од 5 до 7 илјади евра казни за вевчанците кои на карневалот го запалија бугарското знаме

Тројцата вевчанци кои на карневалот на 14 јануари – Василица го запалија бугарското знаме како дел од една од маските, ќе бидат казнети парично.

Според предлогот на ЈО казната за првообвинетиот е 100 дневни глоби од по 70 евра, додека за другите двајца по 100 дневни глоби од по 50 евра.

-Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување јавно го изложиле на подбив знамето на Република Бугарија. Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и замавнувале со запаленото и подгореното знаме, се велои во соопштенето од ОЈО.

Реклама

Тие се казнети за повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ОЈО: Детето што се задуши во пожар во Гостивар било врзано со ланец за нозете

Next Post

Одбојкарскиот мајстор Ангеловски ќе се кандидира за градоначалник на Аеродром: Скоро готова е програмата, нема нови згради, ќе има нови паркинзи...

Реклама