Dark Mode Light Mode
Од 5 до 7 илјади евра казни за вевчанците кои на карневалот го запалија бугарското знаме
Одбојкарскиот мајстор Ангеловски ќе се кандидира за градоначалник на Аеродром: Скоро готова е програмата, нема нови згради, ќе има нови паркинзи…
Ни пандемијата не е пречка за мигрантите: 15 биле скриени во контејнер на товарен воз

Одбојкарскиот мајстор Ангеловски ќе се кандидира за градоначалник на Аеродром: Скоро готова е програмата, нема нови згради, ќе има нови паркинзи…

Познатиoт македонски одбојкар Дарко Ангеловски, дел од екипата-репрезентацијата која неодамна по вторпат избори пласман на Европското првенство, реши да влезе во политика! Тој планира наесен да се кандидира за градоначалник на скопската општина Аеродром како независен, граѓански кандидат. Ангеловски, кој има 27 години и е роден „Мичуринец“ во која населба и сега живее, за „Скопско ехо“ потврдува дека намерата му е сериозна и дека веќе речиси му е готова изборната програма која што ќе им ја понуди на жителите на најурбаната скопска општина.

-Со ова серозно се занимавам во овој период. Целта ми е да се кандидирам за градоначалник бидејќи мислам дека имам многу да им понудам на граѓаните на Аеродром кои заслужуваат подобра и поуредена општина. Планот ми е канидатурата да биде преку собрани потписи од граѓаните. Се уште не сум решил дали ќе поднесеме и советничка листа за членови во општинскиот Совет. Мислам дека е време на граѓаните да им се понуди граѓански кандидат оти видовме како се однесуваат најголемите партии, кои се менуваат, а работите остануваат исти, вели Ангеловски.

Во изработката на изборната програма многу му помага брат му, а таа е веќе во завршна фаза. Дарко за „Скопско ехо“ ги открива и главните проекти кои ќе им бидат понудени на аеродромците.

Реклама

-Прво ќе донесам одлука за стопирање на нови градби, нови згради во општината. Ќе дозволам да се изгради само една нова зграда и да се завршат оние кои се во градба. На општината и треба пауза во градењето на нови згради, а таа пауза да се искористи за поправки, за изградба на канализација и друга инфраструктура. Ќе го укинам плаќањето на паркирањето, а за вработените ќе се најде друга работа. Планирам да направам и нови паркинзи, пазарите да бидат затворени, сезонците кои работат за општината да добијат поголеми плати, да се грижам и за бездомни животни. Идејата ми е и да се направи Дом на одбојката со сала и хотел во кој ќе може да се подготвува репрезентацијата. И секако, ќе направам и противпожарна станица, вели Ангеловски за „Скопско ехо“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од 5 до 7 илјади евра казни за вевчанците кои на карневалот го запалија бугарското знаме

Next Post

Ни пандемијата не е пречка за мигрантите: 15 биле скриени во контејнер на товарен воз

Реклама